Фондот на Обединетите нации за популација денеска објави дека светската популација во 2016 се зголемила на 7,4 милијарди луѓе.

Притоа се наведува дека половина од жителите на Планетата се помлади од 24 години.

Во годишниот извештај кој денеска е претставен во престолнината на Јордан Аман, фокус е ставен на благосостојбата на 10-годишните девојчиња како индикатор на успехот или неуспехот во развојот.

Се наведува дека на 89 отсто од вкупно 125 милиони девојчиња на возраст од 10 години кои сега ги има во светот, живеат во земјите во развој каде се соочуваат со препреки кога се работи за еднакво право на образование, здравствена заштита и безбедност.