Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН:Сириските деца се ризикува да станат изгубена генерација

0
By Нова ТВ on March 13, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2013 08:48


Цела генерација на сириските деца ризикува да биде изгубена поради незапирањето на граѓанската војна во земјата, предупреди Фондот за деца на Обединетите нации, УНИЦЕФ, велејќи дека Сирија е во итна потреба од средства за решавање на кризата.

– Како кризата во Сирија влегува во својата трета, трагична година без било какви сигнали за крај, ризикот дека може да се изгуби една цела генерација расте секој час, секој ден и секој месец, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Патрик МекКормик.

Од седиште на агенцијата во Женева посочуваат дека речиси половина од четири милиони кои се во очајна потреба од помош во Сирија, се на возраст под 18 години, а 536.000 од нив се деца на возраст под пет години.

Извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк изјави дека децата секој ден се сведоци на уништување. Во извештајот на УНИЦЕФ објавен вчера се наведува дека децата имаат трауми затоа што гледале како им се убиваат родителите и пријателите во конфликтот.

Во извештајот исто така се наведува дека во областите погодени од конфликтот се зголемил бројот на деца кои страдаат од болести на кожата и респираторни болести. УНИЦЕФ соопштува и дека секое петто училиште е уништено или пак се користи како засолниште на раселените семејства.

– УНИЦЕФ е посветена на чување на децата од Сирија и спречување да станат изгубена генерација. Никој од нас не може да си дозволи тоа да се случи, рече МекКормик.

УНИЦЕФ има потреба од итно финансирање за да продолжи со својата работа. Финансирањето за Сирија е исклучително разочарувачки во споредба со други вонредни околности”, додаде тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.