Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ООН: Светот во наредните години ќе се соочи со покачено ниво на затоплување од 1,5 Целзиусови степени

0
By Mirjana on August 9, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обединетите нации денеска излегоа со најнов извештај за Климатските промени со кој предупредија, дека во наредните две декади температурата ќе прогесира за над еден Целзиусов степен и дека тоа е ,,благодарение“ на активноста на човекот, зашто во периодот пред индустријализацијата Земјата била поладна за 1,1 степени.

Сепак во најновиот извештај на ООН за Климатските промени се наведува дека,  глобалното затоплување сега е постојана карактеристика на секојдневниот живот, но оти се` уште можат да се преземат чекори да се спречат наjлошите последици.

Извештајот предупредува дека во рок од 20 години светот веројатно ќе го достигне, дури и надмине нивото на затоплување од 1,5 Целзиусови степени. Сето ова сметаат научниците ќе доведе до трајни промени од топење на глечери, зголемување на морското ниво, како и уништувачки поплави па се до суши низ целиот свет.

Извештајот нуди и излезно решение од можниот ваков развој на настаните преку итно откажување од фосилните горива, кои се извор на емисија на јаглерод што го предизвикува ефектот на таканаречените стакленички гасови, кои придонесуваат топлината да е заглавена во земјината атмосфера, наместо да оди во вселената.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш рече дека „алармот е гласен“и значи итна ситуација за човештвото.

Науката работеше на пронаоѓање на начини врз основа на кои би се мерело влијанието на човекот врз климатските промени и нивната интеракција, и врз основа на тој пристап  неодамнешните студии покажале дека сибирскиот топлотен бран во 2020 година и екстремната топлина низ Азија во 2016 година, никогаш немало да се случат без луѓето да согоруваат фосилни горива.

„Има вистински притисок што ги поврзува екстремните настани со општествените влијанија“, вели Дан Мичел, професор по климатски промени на Универзитетот во Бристол, повикувајќи се на студија од 2016 година, која покажа дека 506 од 753 жртви за време на топлотниот бран во Париз во 2003 година може да се жртви на климатските промени.

Моделирањето на научните докази,  покажува дека Арктикот се затоплува побрзо од другите региони и дека се предвидува дека високите географски широчини на северната хемисфера ќе се затоплат за два до четири пати повеќе од нивото на глобалното затоплување. Додека затоплувањето во тропските предели е побавно, тоа е забележливо бидејќи земјиштето во близина на екваторот не варира многу од година во година во отсуство на човечко влијание.

Според извештајот, Голфската струја многу веројатно ќе ослабне во текот на векот. Целосниот колапс на струјата на Атлантскиот Океан би ги нарушил регионалните временски услови, ќе ги ослабне африканските и азиските монсуни и ќе ги зајакне сушните периоди во Европа, предупредуваат научниците.

Извештајот е публикуван во пресрет на глобалната конференција за Климатски промени. Британскиот премиер Борис Џонсон, по објавувањето на најновиот извештај на Обединети нации за последиците од затоплувањето на Земјата, изјави дека истиот треба да послужи како „повик за будење“ за светските лидери, додека се подготвуваат за претстојниот самит и дека следната деценија ќе биде клучна за обезбедувањето на иднината на нашата планета.

– Знаеме што треба да се направи за да се ограничи глобалното затоплување, да се испрати јагленот во историјата и да се обезбедат чисти извори на енергија, да се заштити природата и да се обезбедат климатски финансии за земјите од првата линија, истакна Џонсон.

Глобалниот Самит за климата ќе се одржи во ноември во Глазгов. Целта е да се натераат светските влади да го намалат нивото на емитирање на стакленички гасови.

глобално затоплување Извештај ООН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.