Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опасноста од враќањето на фашизмот на политичката сцена како инспирација за театар

0
By Нова ТВ on July 3, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 3, 2018 00:13

Македонскиот режисер Оливер Мицевски патува низ Европа со својата најнова претстава „Зимска рамноденица“, работена по текст на познатиот драматург Роланд Шимелфенинг. Ова е еден од најизведуваните драмски автори во Германија и еден од најоригиналните гласови денес, со продукции во над 40 земји во светот. Последната изведба на оваа претстава на Мицевски последне пат се изведе во Кан а следната незјина изведба е во Копенхаген.

Овој текст на Шимелфенинг е еден од најатрактивните примероци на современ политички театар. Авторот предупредува на офанзивата на неонацизмот кој како што се вели не доаѓа со свастиката на чело, тој знае да се претстави дотеран во облека која ја крие неговата суштина. Во овој текст кој го инспирирал нашиот млад режисер авторот предупредува за опасноста од враќање на радикалните политички сили какви што се нацисите.

НОВА побара одговор од Оливер Мицевски за негов коментар за тоа колку политиката и актуелните политички случувања можат да бидат поттик и инспирација за создавање на театарска уметност.

“Театарот и политиката уште одамна се поврзуваат меѓу себе на најразлични начини. Судирот на политичките идеологии е многу потентна платформа за правење театар. Особено денес, кога политиката стана нераздвоив сегмент од нашето секојдневие. Лично, многу сум загрижен за радикализацијата на левиот и десниот политички спектар на глобално ниво. Агресивноста на либералите стана неподнослива. Неприфаќањето на “другоста” и размислувања различни од тие на либералите, во исто време стана и гориво за растот на радикалната десница. Како последица, имаме воскреснување на нацизмот, особено во Европа, нешто за кое бевме сигурни дека повеќе не постои, по научените лекции од втората светска војна. Овој судир меѓу неолибералите и неонацистите е главната причина поради која авторот Роланд Шимелфениг се зафаќа со пишување на ремек делото, драмата WINTER SOLSTICE. Шимелфениг, ужаснат од растот на крајната десница во Германија, олицетворена во партијата AFD, го отвара прашањето, на кој начин и со кои методи неонацистите успеваат да ги изманипулират обичните луѓе, и да ги направат свои следбеници. Авторот не е нежен ни со либералите исто така, го отвара и прашањето за слабостите на либералите, кои што од стартната точка на љубов, еднаквост и стремеж за подобар свет, полека почнуваат да заличуваат на фашистите на Хитлер и Мусолини, преку бескомпромисното наметнување на својата волја. Претставата завршува со ритуална, налик на ИСИС егзекуција на главниот лик во претставата, краен десничар, од страна на либералите, крај што отвора уште низа дополнителни прашања. Имавме бурни реакции по нашите изведби на WINTER SOLSTICE во Кан, Франција и Будимпешта, Унгарија.” Изјави за НОВА, режисерот Оливер Мицковски.

Тој со неговата најнова претстава доаѓа во Скопје есенва кога и нашата публика ќе има можност да го види ова театарско остварување.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.