Лидерот на српското Движење на слободни граѓани, Саша Јанковиќ, денеска ја критикуваше надворешната политика на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што тој ја нарекува “политиката на заканувачки конфликт”, а особено, како што се вели во соопштението, тековното влошување на односите со соседните земји, со кои Србија немаше сериозни несогласување.
„Со Македонија, Србија имаше многу коректни односи, без никакви сериозни проблеми во последните неколку децении, но “политиката на заканувачки конфликт“ што ја води Вучиќ, од кои не спасува во исто време за да биде фактор за наводната стабилност, успеа да ги влоши и односите со Скопје “, оцени Јанковиќ.
Според него, политиката на претседателот во последна фаза ќе доведе до конфликт, што мора да се спречи. Посебно, рече тој, загрижува заплашувањето на граѓаните и подигањето на паника преку таблоидите на режимот,како и производство на страв и омраза со цел да се манипулира со нив.




