Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Аеродром за една деценија потрошила 720.000 за кирија

1
By Нова ТВ on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 09:00

Ревизорскиот извештај за работењето на општина Аеродром, обелодени дека локалната власт на чие чело е градоначалникот Ивица Коневски плаќа 8000 евра месечно за кирија за општинската зграда. Иако минатата година општинската амдинистрација била преселена во друга зграда во потрага по помала кирија, наместо помали трошоци, сега од касата плаќаат 2000 евра повеќе.

Имено, според наодите на ревизорот, од основањето на општината во 2005 година вработените во администрацијата биле сместени во објект под кирија на улицата Венјамин Манџуковски. До почетокот на 2015 година за кирија плаќале по 6000 евра месечно, но бидејќи газдата побарал зголемување на закупнината почната е постапка за наоѓање на друг простор. Во април се преселиле во друга зграда на Булевар Јане Сандански бр. 109 каде и сега е сместена општината за што од касата плаќаат месечна кирија од 8000 евра.

g_aerodrom

Според ревизорскиот извештај за првата година, од 1 април 2015 до 1 април 2016 година, киријата во износ од 96000 евра е платена однапред, што е спротивно на Законот за јавни набавки според кој авансното плаќање не може да биде поголемо од 20 проценти.

„Произлегува дека за периодот од претходните 10 години, општината по основ на закупнина има потрошено средства во износ од приближно 720.000 евра, а и понатаму е без сопствен деловен објект во кој би работела општинската администрација“, пишува во извештајот.

Ревизорот смета дека е потребно раководството на општина Аеродром да ги преиспита трошоците кои произлегуваат од киријата за општинската зграда и ризиците кои произлегуваат од ваквиот начин на решавање на прашањето со просторот.

Владата на Коневски му донирала „раскантано“ Ауди

Минатата година градоначалникот Коневски од Владата добил на користење Ауди А6. Скапо ја чини општината Аеродром овој добар гест на Владата, затоа што за сервисирање на автомобилот биле платени 5200 евра. Во ревизорскиот извештај е наведено дека поправката на возилото е извршена кај сервисер кој бил избран на тендер во 2014 година и иако истекол договорот со него, сепак владиното Ауди било репарирано во истиот сервис за автомобили.

Хонорарци ангажирани без јавен оглас

Според ревизорскиот извештај за работата на општината во минатата година, во Аеродром биле најмени 120 сезонски работници за одржување на јавната чистота. По основ на склучени договори на дело исплатени се 173.000 евра за ангажирање на 111 лица.

Но, Советот на општината, пишува во извештајот, нема донесено Програма за јавни работи со која ќе утврди за какви работни задачи се вработуваат лицата,според кои критериуми, како и висината на месечниот хонорар.

„Општината Аеродром за извршување на јавни работи ангажирањето на лица преку договор на дело не го спровела во согласност со Законот за вработување и осигурување кој предвидува јавните работи да се распишуваат јавно и да бидат достапни за сите невработени кои се пријавени во Агенцијата за вработување. Ваквото постапување придонело за ангажирање на лица со договори на дело спротивно на законот, нетраспарентно и со субјективност при нивниот избор“, обелоденува ревизорот.

Коневски не добива ни денар од ЈП Паркинзи

Градоначалникот Коневски е предупреден од Државниот ревизор дека ни лани, ниту во изминатите години не добива пари од комуналната такса од паркирањето на возила на територијата на општината, каде со паркинзите стопанисува ЈП Градски паркинг Скопје.

Тоа, нагласува ревизорот, е противзаконски, бидејќи согласно Законот за комунални такси правното лице кое стопанисува со паркингот има обврска да уплаќа соодветна сума на сметката на општината и за градот Скопје.

Ивица Коневски ја води општината Аеродром веќе втор мандат. Беше избран на 7 април 2009 година, а победи и на изборите во 2013 година. На почетокот на годинава Коневски, заедно со колегите пратеници Антонио Милошоски и Ермира Мехмети, положи нотарски испит. Милошоски веќе најави дека се повлекува од политиката. Тој останува во партијата, но одбил да биде на изборна листа, бидејќи ќе се посвети на нотарската кариера. Коневски се уште не обелоденува дали тој ќе остане активно во политиката или по завршувањето на мандатот ќе отвори нотарска канцеларија.

 

Ивица Коневски ЈП Паркинзи општина Аеродром Ревизорски извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.