Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар со нова одлука: Стопирани се сите постапки за градење по спорните ДУП-ови

0
By Нова ТВ on March 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 27, 2019 16:21

Локалната власт во општина Центар на вонредна седница донесе„ Одлука за начинот на применување на Деталните урбанистички планови“. Со оваа одлука, која беше ставена на дневен ред по предлог на градоначалникот, практично се најде начин како да се продолжи со ревидирање на Деталните урбанистички планови, и покрај одлуката на Уставниот суд за времено запирање на мораториумот.

Со оваа одлука, општината се обврза дека ќе ги спроведува само Деталните урбанистички планови кои се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, и нема да издава градежни дозволи за спорните 29 планови затоа што се  донесени пред да се изгласа  ГУП-от во 2012 година.

 

Во членот 4 од Одлуката пишува дека „се прекинуваат сите постапки кои се доставени преку електронски систем е-дозволи и се однесуваат на издавање одобренија и постапки за издавање на решенија за градење“ за плановите кои се однесуваат на спорните ДУП-ови.

 

Ваквата одлука градоначаланикот на општина Центар ја најави и во интервју за НОВА ТВ. Богдановиќ изјави дека општината мора да најде начин како да ја спречи реализацијата на ДУП-овите кои се спротивни на Генералниот урбанистички план.

Одлуката во Советот на општина Центар беше изгласана со 16 гласови „за“ а советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Пред една недела по иницијатива на Градежната комора и комората на Северозападна Македонија, Уставниот суд времено го стопираше мораториумот за градење во општината, додека не се изјасни дали локалната власт во Центар имала законска и уставна надлежност да донесе одлука за мораториум.

Со денешната одлука, одлуката на Уставниот суд станува беспредметна, затоа што општина Центар сама го укина мораториумот и донесе нова одлука со која доби законска можност да ги ревидира спорните планови, без да издава одобренија за градби.

За останатите отпочнати постапки за кои  се издадени одобренија за градба пред 27 декември 2017 година, градежните работи не  запираат.

Богдановиќ Општина Центар спорни ДУП-ови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.