Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општините, здравството, и јавните претпријатија тонат во долгови, никој не одговара

0
By Соња Крамарска on June 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Општината Тетово го држи неславниот рекорд на најзадолжена во државата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општините, во образованието. Намалување има кај jавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб“. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза „зачинета“ со засилена инфлација, доспеаните а неплатени обврски на институциите под државна капа изнесуваат 391,2 милион евра.

Притоа на новата „должничка листа“ се најдоа 1 231 државна институција. Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните а неплатени обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија – министерства, агенции, училишта, раст на долговите има и кај општините и на јавните здравствени институции.

До март 2022 година јавни претпријатија и фирми во државна сопственост должеле 134 милиони евра, јавни здравствени установи  85,5 милиони, општините   71,7 милиони евра, општински јавни претпријатија 65 милиони, и буџетски корисници – прва линија 11,6 милиони евра. Од податоците се гледа дека највисок износ на доспеани а неплатени обврски имаат јавните претпријатија и фирми основани и контролирани од државата – 134 милиони евра. Сепак оваа сума е намалена за 45 милиони евра во однос на последното тромесечје од 2021 та година. Само на јавните здравствени установи за три месеци доспеаните обврски се зголемиле за нови 17,7 милион евра додека долгот на општинските јавни претпријатија пораснал за 6,6 милион евра.

На новата „должничка листа“ има 1 231 државни субјекти  но доспеани а неплатени обврски пријавиле 902 институции – 300 повеќе во однос на „должничката листа“ на крајот од 2021 та година.

И новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека доспеаните а неплатени обврски на општините се во пораст – достигнаа ниво 71,7 милион евра што е за 3 милиони евра во однос на состојбата на крајот од 2021- та. Неславниот рекорд го води Тетово со 13,5 милиони евра, потоа следуваат Охрид со 8,5 милиони, Гостивар 6,4 милиони, Струга со 3,6 милиони и Делчево чиј долг изнесува 3,1 милион евра.

Општина Тетово и на државно ниво го држи „високото“ петто место според направените долгови, а Охрид е на осмо место. Притоа логично е да се постави прашањето каде испаруваат даноците кога едната е лидер во приватното претприемаштво а втората е туристичка мека без оглед што хотелиерите и туристичките работници постојано „плачат“ за потфрлање на туристичките сезони.

На новата должничка листа на првите три места се фирми под контрола на државата, Македонски железници „Транспорт“ пријавиле долг во износ од 67,5 милион евра, Македонски железници „Инфраструктура“ 23,3 милион евра а АД „ЕЛЕМ“ 16,9 милион евра.

Според висината на доспеаните а неплатени обврски високо котира и здравството – Јавните здравствени установи за потребите на ЈЗУ универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар имаат долг од 14,1 милион евра , ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија должи скоро 9 милион евра,  болницата во Кичево пријавила 5,9 милиони евра а  Клиниката  за трауматологија во Скопје  4,6 милиони евра долг. Повисоки износи на доспеани а неплатени обврски имаат и Институт за трансфузиона медицина со 4,5 милиони евра и ГОБ „8 ми Септември“ со  4,3 милиони евра.

Министерството за финансии на квартално ниво објавува податоци за состојбата со доспеаните а неплатени обврски на државните институции и на локално и на централно ниво. По почетокот на пандемијата се забележува пораст на долговите кои лани во споредба со 2020 – та се зголемија за повеќе од 100 милиони евра.  (Р.Н.)

буџетски корисници долгови март 2022 општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.