Премиерот Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист за опстанокот на владата која ја предводи, а чија судбина денеска се разгледува, јави дописникот на МИА од Софија.

Оптимизмот, како што вели, го темели на енергијата што ја гледа во и од луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада, но одби да коментира повеќе детали пред денешната расправа за барањата на опозицијата за гласање недоверба на Владата.

За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од вкупно 240 во бугарскиот парламент. Расправите ќе се водат денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нивното завршување во среда навечер или четврток пред пладне.