Published: Friday, March 4, 2022 09:32
Унгарија ги поддржа санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија , но унгарската економија неизбежно ќе ги почувствува последиците од тие санкции, изјави денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Санкциите имаат своја цена и тие се како меч со две острици, а ние многу брзо ќе ја платиме таа цена, рече Орбан за државното радио, пренесе „Ројтерс“.
Тој наведе дека унгарската влада сега мора да работи на ублажување на последиците и директните штети поради воведените мерки кон Русија.




