Во петокот на унгарскиот премиер Виктор Орбан му сврте грб неговиот долгогодишен пријател и влијателен олигарх Лaјош Симичка кој испрати јавна критика за владеењето на Орбан, јавува Ројтерс.
Во Фидеш, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, има се повеќе незадоволни приврзаници откако неговата влада направи повеќе дипломатски гафови и политички грешки. Истовремено владата на Орбан бележи сериозен пад на поддршката само една година по изборите.
Симичка е пријател на Орбан од училишните клупи. Тој во петокот го обвини Орбан дека сака да ги замолчи незвисните медиуми со планираните даноци што медиумите ги плаќаат за реклами.
Симичка бил дел и од Фидеш партијата но неговите односи со Орбан се влошуваат од повторниот избор на премиерот во 2014 година. Тој е еден од најбогатите луѓе блиски на Фидеш со големи бизнис интереси во кои се наоѓа и конзервативниот весник Маѓар Немзет, телевизијата ХирТВ и радиото Ланчид.
Овој бизнисмен ретко се појавува во јавност. Овој пат тој дал изјава за истражувачкиот сакт Атлантико.ху која, зборувајќи за данокот, вели:
“Се разбира дека медиумите, нашите медиуми, ќе се борат и нема око да им трепне околу она што го вели Орбан”. Тој додал дека “сериозно ја сфаќам демократијата и сериозно ја сфаќам улогата на медиумите во светот… и ќе инсистирам на ова како сопственик на медиуми”.
Овој негов прекин со Орбан е досега најсеризниот конфликт внатре во Фидеш во последните 20 години, вели Петер Креко директор на тинк-танкот Политички капитал.
Даночната промена на Орбан се однесува на рамен данок наместо скалест данок за најголемите фирми кои донесоа протести на германската медиумска група Бертелсман чиј што дел РТЛ работи во Унгарија.
Портпарол на влада изјави дека изјавите на Симичка се «интерна работа на приватни медиуми».




