Published: Tuesday, September 1, 2015 11:16
Меѓународната железничка станица во Будимпешта е привремено затворена а властите побарале секој да ја напушти станицата, откако стотици мигранти сакале да се качат на возовите кои водат кон Австрија и Германија.
Во возот за Виена, поточно имало околу 500 бегалци, меѓу нив и жени и деца, пренесува Танјуг.
Стотина полицајци ги потиснале луѓето надвор од возовите, а тие не пружиле отпор и ситуацијата се средила мирно без судири.
Во август, според проценките на унгарските власти, во Унгарија влегле 50.000 мигранти, бегалци од воените жаришта во нивните земји, претежно Сирија, Ирак и Авганистан.
Вчера пак, 3.650 мигранти пристигнале во Виена, а австриската полиција вели ова е најголемата бројка до сега.




