Унгарија мора повторно да се избори за независноста и за националниот суверенитет така што ќе го запре Брисел, ќе спречи масовно вселување и ќе ги одбрани своите граници, порача денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан.
Обраќајќи им се на граѓаните по повод националниот празник со кој се одбележува годишнината од унгарската граѓанска револуција 1848-49 година, Орбан рече дека нацијата е во состојба на бунт, „но против бриселската бирократија и влијанието на меѓународниот капитал“.
Тој истакна дека Унгарците не се ничии слуги.
Во писмената порака до Унгарците кои живеат надвор до татковината, Орбан нагласи дека изминатите неколку години е создадена силна и стабилна Унгарија која може да им помогне на Унгарците кои живеат во Карпатскиот басен.
Унгарија, 15 март го прославува како ден на воспоставување на модерен парламентаризам во земјата, кога пред 169 години започна борбата за слобода и независност на унгарскиот народ од Австрија.




