Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека никој не може да ја натера неговата земја да прими мигранти.
Во интервју за португалскиот весник Експерсо тој изјави дека неговата позицији целосно се разликува со онаа на Европската комисија, бидејќи не верува дека демографските и економските проблеми можат да се решат со миграција.
Според него, Унгарија се обидела да ја реши ситуацијата без „запечатување“ на границите, но мигрантите тоа не го прифатиле и затоа ја приморале Будимпешта да изгради “ѕидови“.
Спогодбата ЕУ и Турција, Орбан ја опишува како неопходен потег додавајќи дека ги подджува сите билатерални договори со државите од каде што може да се очекува надоаѓање на мигранти во Европа.
Според него постои врска меѓу мигрантите и тероризмот и дадава дека Европјаните учествуваат во борбите во земјите од каде што доаѓаат мигрантите.
– Многу од луѓето кои живеат во тие земји не сметаат нас Европјаните за непријатели, независно дали тоа ни се допаѓа или не. Тие луѓе сакаат да им се осветат на европските земји. Можат да го искористат бранот мигранти како што веќе се покажа со неодамнешните терористички напади, вели Орбан.




