Published: Wednesday, January 7, 2026 12:28
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови, велии унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.




