Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан – „Владетелот“ со нова провокација за ЕУ

0
By Нова ТВ on March 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство му овозможи на Виктор Орбан да владее со декрет без утврден временски рок. Со овој закон не може да се одржат избори и владата на Орбан ќе може да го суспендира извршувањето на одредени закони. Дополнително, поединци кои објавуваат информации  што се сметаат како невистинити или искривени факти, сега се соочуваат со казна од неколку години затвор.

Унгарија е една од многуте европски земји во кои е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот со што им се овозможува на властите да преземаат активности без неопходните процедури. Сепак, со овој закон Орбан добива вонредни можности без временско ограничување со што и ако парламентот одлучи да ја укине вонредната ситуацијата, владата може да си ја задржи зголемената моќ.

Оваа одлука на унгарскиот Парламент предизвика голема загриженост во невладиниот сектор кој ја повика меѓународната јавност да го следи развојот на настаните кои оваа криза со коронавирусот би можеле да ја траснформираат во сериозна уставна криза во која се доведени основните демократски начела на унгарскиот устав.

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци истапи со реакција во која ја повикува Европската Унија (ЕУ) да изврши притисок врз Орбан.

 „Сонував со години за идејата за Соединети држави на Европа. Токму од оваа причина, јас имам право и должност да кажам дека по она што Орбан го стори денес, Европската унија мора да постапи и да го натера Орбан  да го промени својот став. Или, едноставно, избркајте ја Унгарија од Унијата“, напиша Ренци на Твитер иако, како што е познато, не постои механизам за исклучување на земја-членка од ЕУ.

Со реакција истапи и германскиот минстер за Европа, Мајл Рот.

„Закон за итни случаи за пандемија – да, ковид-19 бара соодветни одговори. Но, тие не смеат да го загрозат владеењето на правото, да ги ослабат демократските институции или да ги стават во опасност фундаменталните права“, рече германскиот министер за Европа, Мајкл Рот.

Членовите на Европскиот парламент, исто така, кренаа тревога за последниот потег на Унгарија.

„Случувањата во Унгарија се аларм за либералната демократија во Европа и пошироко. Борбата против ковид-19 не треба да значи затворање на демократијата“, објави на твитер претседателот на групата за Обнова на Европа, Дачијан Чилош.

Политичкото семејство на социјалистите и социјал-демократите во Европскиот Парламент предупреди дека ова е обид за демонтирање на демократијата во Европа и ја повикаа Европската комисија да преземе конретни мерки против Унгарија. Со критики на овој потег на Орбан и апел до ЕК се јавија и „Зелените“ во ЕП.

Европската комисија, во меѓувреме, рече дека ја проучува  законската регулатива усвоена во унгарскиот парламент. Комисијата „ги оценува мерките за итни случаи што ги преземаат земјите-членки во однос на фундаметалните права. Ова е особено случај за законот донесен денес во Унгарија во врска со  вонредната состојба и новите кривични казни за ширење на лажни информации“, рече комесарот за правда Дидиер Рејндерс.

Виктор Орбан ЕУ Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.