Published: Friday, July 3, 2015 11:10
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вели лошата политика е таа која го натерала да воведе цврста заштита на своите граници, стравувајќи дека токму таа политика може да го зголеми бранот на мигранти.
Тој смета дека со тоа што ја штити неговата земја, ја штител и Европската унија.
– Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија, изјави тој во интертвју за државното радио.
Во однос на Грција, Орбан смета дека во иста позиција би била и Унгарија доколку во 2010 година не била единствена и доколку неговата Влада не обезбедела двотретинско мнозинство.
Премиерот на Унгарија изјави дека има големи симпатии кон Грците.




