Зоран Маџиров синоќа во Минхен е одликуван со орден за високи заслуги од страна на последниот Баерски Принц Мануел Први Ди Нардо и Принцезата Астрид Прва Денглер.

Орденот за заслуга во форма на медал му е доделен за посебни истакнувања во полето на музиката како оригинален и единствен музичар, како и неговото неуморно ширење на музичката култура низ цел свет во последните 25 години.

Посебно беше нагласена пораката на Маџиров дека уметноста и уметниците со своите идеи и дела носат одговорност од цивилизациско значење со што ја прават оваа планета поубаво место за живеење.