Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Организацијата за човекови права алармира за деца од сиропиталишта во Украина

0
By Соња Крамарска on March 13, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руската инвазија на Украина имаше „погубни“ последици за децата сместени во домови, при што илјадници од нив беа префрлени на окупираните територии или во Русија, соопшти Светската организација за човекови права.

Во извештајот објавен денеска, исто така, се вели дека војната ја истакнала итната потреба од реформи во Украина, каде пред инвазијата имало повеќе од 105.000 деца во институциите – најголем број во Европа по Русија.

„Оваа брутална војна јасно ја покажа потребата да се стави крај на опасностите со кои се соочуваат институционализираните деца“, рече Бил ван Есвелд, помошник директор за правата на децата во организацијата со седиште во Њујорк.

„Враќањето на децата кои нелегално беа земени од руските сили мора да биде меѓународен приоритет“, додаде тој.

Во извештајот се вели дека најмалку неколку илјади деца биле префрлени во Русија или на окупираните територии.

Во него се додава дека 100 институции, во кои имало повеќе од 32.000 деца пред 2022 година, сега се наоѓаат на територии под руска окупација.

Речиси две децении Украина се обидува да го реформира системот, но бројот на детски институции само се зголеми – од 663 во 2015 година на 727 во 2022 година, се вели во извештајот.

Како резултат на војната многу повеќе деца ќе останат сираци или ќе бидат одвоени од своите родители.

„Децата се сместени во нови институции, вклучително и деца чии родители се убиени и ранети, како и деца чии родители доживеале ментални кризи како резултат на војната“, велат од Хјуман рајтс Воч.

Извештајот од 55 страници истакна други проблеми, вклучително и психолошка траума за раселените деца, како и занемарување и несоодветна грижа поради недостаток на старатели.

„Многу деца во институциите мораа да се кријат со недели од бомбардирањето во подруми без струја или вода, вклучително и деца со посебни потреби“, се вели во извештајот.

„Група деца од установа во Мариупол не зборуваа четири дена откако беа евакуирани во Лавов, во март 2022 година“.

Набљудувачите, исто така, велат дека илјадници деца од институции се раселени во странство, а некои од нив и понатаму се водат за исчезнати.

деца во Украина Организација за човекови права сиропипталишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.