Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Организирани активности создаваат вештачка влијателност на Твитер

1
By Нова ТВ on August 14, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот со лажните вести на Фејсбук и собирањето податоци и нивната злоупотреба во политички кампањи, ја покажаа ранливоста на социјалните мрежи и можноста за нивно искористување за манипулации со јавноста.

Тајм.мк најпопуларниот генератор на вести кај нас, подолго време ја промовира македонската верзија на Твитер, преку ранг листа на најпопуларни твитови во текот на денот, во зависност од тоа на колкумина им се допаднале и колкумина ги споделиле. Според информациите, дневните прегледи се повеќе од 100.000.

Меѓу останатите податоци е тоа до колкава публика стасала оваа порака или популарно наречен “рич“.

Токму овој податок всушност открива дека ниту Твитер не е поштеден од можност за манипулација со јавноста.

Исти профили секојдневно споделуваат се од одредени профили

Една проста статистика на едномесечен сообраќај на Твитер, покажал интересни податоци за ИТ експертите – неколку профили (Твитер акаунти) постојано се во врвот. Уште една анализа, пак, покажува дека тоа не е врз основа на содржината на пораката, туку од бројот на тие кои ја шират, односно го ретвитаат твитот.

Понатамошната анализа покажала дека пораките од овие профили всушност ги шират (ретвитаат) најчесто едни исти профили – нивни следачи (она што се „пријатели“ на Фејсбук). И уште посомнително е што тие нивни следачи, во најголем број случаи ги шират речиси сите пораки што се објавени од профилот околу кој се групирани.

Како еден најекстремен случај е кога еден од следачите успеал да сподели 181 од вкупно објавените 186 твитови на еден профил. И тоа се повторува и со други профили, кои ги споделуваат речиси сите твитови на неколку профили, а тие профили пак ги фаворизираат и ги споделуваат нивните. И така во еден затворен круг, во кој се вклучуваат нови и нови профили.

Доколку тоа графички би се претставило, би било една голема мрежа на меѓусебно поврзани профили.

Тоа на експертите им дава сигнал дека се работи за организирана акција и влијателноста, „ричот“ или достапноста, не е резултат на содржината на објавеното, туку на организираноста за негово ширење за да стигне до што поголема публика.

Пораките што се споделуваат од овие профили се различни – од духовни, преку романтични до политички.

Оваа шема не е непозната во светот. Најчесто се прави преку ботови (веб роботи)- апликација за автоматизирани задачи. Но во случајов, се работи само за ботовски активности и зад овие профили се кријат личности, а не машини, кои во случајов се однесуваат како „ботови“.

Бидејќи идејата на Top Tweets е да ги исфрли најпопуларните твитови, од Тајм.мк преку софтвер ќе се обидат да ги неутрализираат овие ботовски активности. Целта е „ричот“ да биде врз основа на содржината, а не вештачки создаден преку организирано ширење.

Со оваа алатка ќе се идентификуваат ваквите тнр.„ботовски активности“ и споделувањето од ваквите профили на некој твит нема да биде вклучено во мерењето на неговото влијание.

Твитер тролови

Оној кој секојдневно го користи Твитер, приватно или за бизнис потреби, може да каже дека оваа техничка анализа има и реална потврда. Ваквото организирано фаворизирање и ретвитање е толку присустно и популарно, што во Твитер круговите ваквите групи уште ги нарекуваат и „кланови“, без разлика дали се групирани околу политичка опција или некое друго општествено прашање.

Во твитер комуникацијата често се користат и негативни коментари, но и говор на омраза и сајбер булинг (малтретирање). Овие таканаречени тролови имаат за цел да поттикнат кавга, да навредуваат или да вознемируваат.

За разлика до Фејсбук, Твитер не бара идентификација со име и презиме, туку името (ник-прекар) зависи од имагинацијата на сопственикот на профилот- од историски ликови, политичари, фрази, описни, навредливи до вулгарни имиња. Но понекогаш и не се анонимни. Нивната цел е да шират одредена пропагадна.

Твитер како прогресивна мрежа и досега беше едно од најпопуларните полиња за спротивставување на различните мислења, посебно во политиката. Таа често се користи за политичка промоција и за испраќање на политичките пораки. Македонските политичари активно го користат за да ги информираат граѓаните за нивните активности- на официјалните профили редовно објавуваат информации за својата работа, се најавуваат настани, фотографии, се промовираат кампањи.

Изминатите месеци главната дебата беше „за“ или „против“ Договорот со Грција, но како се приближува терминот за референдумот, приматот го преземаат дискусиите каде се судираат мислењата преку хаштазите #бојкотирам и #небојкотирам.

Ваквите организирани пропаганди, создаваат привид дека поддршката за некој политичар или за одредна опција е поголема отколку што е фактичката или со маса твитови ги маргинализираат аргументите на другата страна. Целта е да извршат влијание врз ставот на јавноста во спорни прашања или да собираат гласови на избори.

Во заклучоците на една студија на новинарите на Вашингтон Пост, објавена во Журналот на комуникации во 2016 година, се истакнува дека тролањето е всушност штетно за демократијата, бидејќи го намалува и вкупниот квалитет на онлајн дискусиите, ги демобилизира граѓаните кои се тролани и го намалува задоволството од потенцијалот за разговор на мрежите.

 

ботови пропаганда софтвер тајм Твитер тролови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.