Убиецот од Орландо кој во неделата одзеде 50 животи во ноќен клуб се запиша на долгата листа на напаѓачи во САД кои во еден единствен инцидент извршиле масовно убиство.
САД се на неславната листа на земји каде што се случиле најмногу вооружени масакри. Според неодмана објавена студија, во оваа држава се случиле најголем број масовни убиства одошто во која било друга земја во светот.
Во перидот од 1966 до 2102 година во САД се регистрирани 90 масовни вооружени напади. Според дефиниција, масовни напади се оние каде има најмалку 4 жртви, меѓу кои не е убиецот или се работи за убиство на повеќе членови од едно семејство.
Едно од ваквите убиства е ова во Орландо, кое се смета за најтрагично во американската историја. Останатите се во кино салата во Аурора, Колорадо и она во Сенди Хоук основното училиште во Њутаун, Конектикат во 2012.
Во истиот овој период во светот се случиле 292 масовни убиства, од кои 90 се во САД. Статистиката вели дека САД во светската популација учествува со 5 проценти, но во бројот на масовни убиста – со 31 процент.
По што се разликуваат САД од другите
Адам Ланкфорд, професор по кривично право на Универзитетот од Алабама, подготвувајќи ја студијата дошол до податоци според кои инцидентите во САД се различни од останатите во светот:
– во САД граѓаните имаат поголема шанса да бидат жртви на масовни убиста доколку работат во училиште. Во Европа инцидентите главно се случуваат во близина на воени инсталации.
– во повеќе од половината случаи во Америка, убиецот имал повеќе од едно парче оружје. Во глобалните инциденти напаѓачот пукал само од едно.
– во САД има во просек 7 жртви по инцидент. Во останатите 171 земја имало речиси 9 жртви по инцидент во просек. Тоа, според Ланкфорд, се должи на рутиската обученост на американската полиција да се справи со ваков вид инциденти. „Во другите змеји полицијата е бавна во реагирањето на вакви инциденти“, вели тој.
Феноменот „копикет“
Што е позадината на овие масовни убиства во САД?
Повеќето од масовните убијци во САД, според податоците, се со дијагноза на некоја ментална болест. Но она што збунува е фактот дека бројот на ваквите случаи не расте прогресивно, како што расте бројот на ваквите напади. Од 2011 до 2014 година бројот на ваквите напади тројно се зголемил, според анализата на Школата за јавно здравство на Харвард и Нортистерн Универитетот.
Феноменот „копикет“, како што се нарекува во САД, односно извршување убиство слично на некое друго, со речиси исти елементи, е многу почест во Америка, бидејќи пристапот до оружје е многу полесен отколку во другите земји.
Во САД има многу повеќе оружје отколку во која било друга земја. Проценката е дека има меѓу 270-310 милиони парчиња оружје во оптек. Имајќи предвид дека бројот на жители во САД е 319 милиони, тоа е по едно оружје на секој жител. Според истражувањето на Истражувачкиот центар Пју, една третина од Американците изјавиле дека некој во нивното семејство поседува оружје.
Следна на листата е Индија со 46 милиони парчиња оружје, но со полулација од 1.25 милијарди жители, но не се наоѓа ни во првите пет држави по бројот на масовни убиства во светот.
Бројките покажуваат дека рестриктивните закони за оружје даваат резултати. Ланкфорд како пример ја посочува Австралија, каде во периодот од 1987 до 1996 година имало голем број масовни убиства. Откако граѓаните побарале поригорозни закони за поседување оружје, а Парламентот одобрил таков закон, во оваа држава нема регистрирао ваков инцидент.
Ова прашање веднаш стана тема на препукување меѓу двајцата најизвесни претседателски кандидати во САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон.
Претендентот за кандидатурата од Републиканците Трамп го повтори барањето за построги мерки против тероризмот, алудирајќи на неговата претходна изјава дека треба да се воведе забрана за влез на Муслиманите во САД додека има опасност од тероризам.
Клинтон која најверојатно ќе ја добие кандидатурата од Демократите смета дека ова е вистински момент да се реши прашањето за поседувањето оружје.
Двајцата и претходно дебатираа на оваа тема, на сосема спротивни позиции.
Трамп доби официјална поддршка од Националната асоцијација за оружје на неговата кандидатура, за сметка на неговата поддршка на нивната кауза за зголемување на правата за поседување оружје.
Клинтон пак возврати дека и покрај големината и влијанието на ова лоби, нема да бидат замолчени или заплашени во нивната битка за ограничување на поседувањето оружје.
Таа само ја продолжува политиката на Демократите долга речиси две децении, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг, Бил Клинтон, кои сметаат дека токму либералната политика за поседување на вакви оружје е виновна за инцидентите со масовни убиства. По неколкуте неуспешни обиди да се спротивстават на лобито што стои зад Националната асоцијација за оружје, тие сметаат дека ова прашање ќе им помогне да ги добијат претседателските избори во ноември годинава.
Желба за слава?
Во истражувањето, профсорот Ланкфорд дошол до податокот дека убијците чесво во крвавиот поход гледале начин да станат славни.
-Тешко е да се избројат ваквите случаи, но во истражувањето наидов на фактот дека славата им била една од главните цели. Очигледно е дека Американците сакаат слава и нема сомнение дека постои врска меѓу медимското внимание што го добиваат напажачите со извршување на актот, вели тој.
И во најновите инциденти кои се поврзуваат со исламскиот џихад, според професорот во основата лежи токму славата.
– Нема сомнение дека терористите сакаат слава независно дали е тоа за себе или за каузата. Тоа е познато уште од Олимписките игри во 1972 година со заложничката драма. Доколку нападот во Орландо е мотивиран од радикалната исламска фундаменталистичка идологија, ова би одело на иста линија со нетолерантноста кон хомосексуалците и барањето слава за оваа кауза, вели тој.








