Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оружје, тероризам и ЛГБТ: Орландо ќе одлучува за идниот претседател

0
By Нова ТВ on June 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 16, 2016 10:27

Контролата на поседување оружје, домашниот екстремизам, хомофобичните насилства и војната против Исламската држава се прашањата што најдоа во фокусот на јавноста по масакрот во Орландо. Но законите со кои би се регулирале овие прашања најверојатно ќе треба да ги почекаат изборите во ноември.

Кој и да победи на претседателските избори во САД ќе се најде во незгодна позиција во услови кога постои сериозна закана од тероризам на домашно тло и товарот од војните во странство кои се водат веќе 15 години, по терористичките напади на 11 септември 2001.

Барак Обама, Хилари Клинтон и Демократите во Сенатот побараа закони кои ќе им отежнат на терористите да дојдат до оружје, конкретно огненото оружје кое сега може слободно да се купи во САД.

Во услови на видлива идеолошка поделеност, најверојатниот претседателки кандидат на Републиканците Доналд Трамп се противи на какви било мерки за контрола на оружјето, прогласувајќи го имигрантскиот систем за нефункционален и барајќи забрана за влез на Муслимани од странство во САД.

И најтесна победа на кој било од кандидатите, со соодветна доминација во Конгресот би му дала на победникот мандат за промена на законот, она што всушност не го направи Обама. Во меѓувреме тука е реалната политика.

gun1

Обама кој се соочува со Конгрес во кој во обата дома доминираат Републиканците, можноста за каква било акција е толку далечна дури и после масакр како овој во Орландо, кога најбрутално беа убиени 49 луѓе, што е најкрвавиот масакр во американската историја.

Напротив, Сенатот потроши минорно време од својата работа за да побара итен пакет на закони за воведување дополнителна контрола на оружјето. Законот предвидува да им се забрани на луѓето што се на листата на потенцијални терористи и на другите листи на сомнителни лица, да купат оружје или експлозив.

На почетокот на вториот мандат, Обама подготви закон за проширување на надлежностите за проверка на бекграундот на оние кои сакаат да купат оружје и забрана за продажба на специфично оружје. Но законот не помина во Сенатот и оттогаш тој не се ангажираше многу во оваа област.

Но, доколку во ноември победат Демократите тоа ќе биде нова шанса за Клинтон која беше многу погласна по ова прашање одошто другите кандидати изминативе години.

Клинтон на еден од предизборните собири рече дека нема сомнение дека ако некој се наоѓа на листата на следење на ФБИ поради можна поврзаност со тероризам, нема да може да купи орујже.

– И доколку некој е премногу опасен да се качи во авион, тој е исто толку оапсен и да купи орујже во Америка, рече таа на собирот во Охајо.

hilari1

Но аргументот со присуството на некоја листа на набљудување не е толку силен, бидејќи на него се спротивставуваат подеднакво и Демократите и Републиканците во Конгресот. Мерката на составување листа на оние на кои им е забрането влегување во авион воведена од ФБИ по нападите од 11 септември, на која се најдоа имиња на 700.000 луѓе, наиде на жестоки критики, при што една од причините беше што на неа имало и имиња на бебиња, на американски ветерани и политичари, вклучувајќи ги и проминентните Едвард Кенеди и Џон Луис.

Тоа беше причина што Конгресот тогаш го блокираше донесувањето на законот за контрола на оружје, по масакрот на 20 деца во основното училиште во Њутаун, Конектикат.

Трамп, пак, на своите настапи порачува дека доколку биде избран ќе забрани влез на имигранти од областите во светот со историја на тероризам против САД, Европа и другите сојузници, се додека тој тероризам не биде докажано искоренет.

– Не можеме да дозволиме илјадници луѓе да влегуваат во нашата земја, голем дел од нив налик на овие ладнокрвни убијци, рече Трамп. Потоа тој се поправи дека не мислел на мусиманската заедница со која треба да се соработува, туку само на оние „лошите“.

За разлика од него, на собирите на Клинтон има поинаква реторика. Таа порачува дека не смее да се наруши довербата во оваа заедница со антимуслиманска реторика и со закани за забрана за влез на нивните семејства и пријатели или на муслимански бизнисмени, со што им се нанесува штета на мнозинството мнуслимани коишто ја сакаат слободата и го мразат теророт.

Според неа, не е случајност што бројот на напади од омраза врз американските муслимани и врз џамии се зголемил по нападите во Париз и во Сан Бернардино.

Нападот во Орландо го насочи вниманието и кон уште еден проблем – насилствата врз хомосексуалците и лезбејките во САД.

Администрацијата на Обама на ова поле донесе многу закони, како легализацијата на истополовите бракови, но активистите му забележуваат дека се уште постои непријателство и омраза во голем број заедници. Скорешната дебата за употребата на тоалетите од трансџендерите е уште еден пример што придонесува кон таа непријателска клима.

Како дискриминаторски и апсурдно се смета и тоа што хомосексуалците не можат да донираат крв за жртвите во масакрот во Орландо.

trump

Трамп во меѓувреме се истакна себе си како неславен шампион во ЛГБТ заедницата.

– Запрашајте се себе си: Кој е вистински пријател на жените и на ЛГБТ заедницата- Доналд Трамп со неговите активности или Хилари Клинтон со нејзините зборови? Клинтон сака да им дозволи на радикалните исламски терористи да влезат во земјата – да ги претводраат жените во робови и да убиваат хомосексуалци. Јас не ги сакам нив во нашата земја, рече Трамп.

Но неговите зборови од страна на активистите за права на хомосексуалците се прифатени со скепса, посочувајќи на фактот дека томку тој ветил дека ќе назначи судии во Врховниот суд кои ќе ја вратат дефиницијата на еднополов брак.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.