Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осамен и изолиран тинејџер – профил на убиецот од Минхен

1
By Нова ТВ on July 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 24, 2016 11:40

Германскиот тинејџер Али Сонболу (18) којштоо уби девет лица во трговски центар во Минхен во петокот навечер бил опседнат со масовни убиства, поседувал книга за сите масовни пукања во училишта во САД и постојано играл компјутерски игри со пукање, открива германската полиција. Повеќето од жртвите беа тинејџери, пет од нив под возраст од 16 години.

Загубата на толку млади животи донесе многу прашалници помеѓу германската јавност: граѓаните се мачат да разберат како еден срамежлив ученик успеал да набави такво оружје и куршуми и потоа да ги впери во своите врсници.

Напаѓачот Али Сонболу е син на ирански бегалци кои во Германија доаѓаат во 1990 година. Соседите велат дека бил срамежливо и повлечено момче кое не покажувало знаци на насилство, иако очигледно истото го обземало многу пред овој настан. Потрагата на полицијата во неговиот дом доаѓа до многу исечоци од весници поврзани со масовни убиства, а помеѓу нив и книга со наслов „Зошто децата убиваат: Во умот на училишните масовни убијци“.

Тој бил опседнат со масовните пукања, вели шефот на полицијата во Минхен, Нубертус Андрае.

Доказите собрани во неговиот дом покажуваат дека Сонболу бил заинтересиран и за екстремниот десничар-терорист Андерс Брејвик кој уби 77 млади лица во камп во Норвешка. Минхенскиот напад доаѓа на петгодишнината од тој настан. Соученик на Сонболу, за германскиот весник „Билд“ изјавува дека тој подолго време користел фотографија со ликот на Брејвик како профилна слика на WhatsApp апликацијата.

Тинејџерот се обидел да ги донесе своите жртви на одредено место од каде што би можел полесно да ги убие со тоа што на една фејсбук страница која ја користат тинејџери објавил дека во ресторанот во трговскиот центар ќе се делат бесплатни оброци во 4 попладне. Полицијата верува дека тоа било место кое му било добро познато на убиецот и тој веројатно таму ги препознавал жртвите, но, сепак, не пукањето не почнало до два часа по поканата на Фејсбук.

Едно од прашањата со кои се соочуваат властите е дали Сонболу, кој бил малтретиран и изолиран во училиште, намерно сакал да ги убие своите врсници бидејќи убиени се седум тинејџери, еден 20-годишник и една 45-годишна жена.

Германија има и други вакви напади во последните 15 години кога двајца тинејџери пукаа во училиштата. Еден од масакрите се случи во 2002, а друг во 2009.

Новинската агенција ДПА тврди дека нашла доказ дека Сонболу го идолизирал Тим Кретшимер, кој во 2009 година уби 15 лица во градот Виненден. Седумнаесетгодишникот се вратил во своето поранешно училиште и почнал да пука, а потоа се убил и самиот.

 

Во 2002 година во градот Ерфурт 19 годишник, исто така, влегува во своето поранешно училиште и убива 11 професори и 2 лица од училишната администрација, 2 ученици и полицаец.

Полицискиот портпарол од Минхен, Петер Бек, вели дека тие уште не знаат што бил мотивот за овој масакр на Сонболу, но дека јасно знаат дека случајот нема политичка позадина. Истрагата докажала дека не постојат врски со терористички групи ниту врски со ИСИС.

Мртвите вклучуваат и три деца од Турција, три етнички Албанци од Косово и еден грчки тинејџер. Полицијата трага по потеклото на пушката која ја користел Сонболу. Нивната претпоставка е дека е набавена на црниот пазар, а серискиот број на пушката бил избришан.

Тинејџерот не бил на радар на полицијата и немал криминално досие. Никогаш досега не привлекол внимание ниту на разузнавачките агенции, изјави министерот за внатрешни работи Томас де Маизере.

 

 

масакр Минхен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.