Неколку сензори за радијација се оштетени по денешното руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом“.

„Ситуацијата се влошува, во близина има радиоактивни супстанци, а неколку сензори за радијација се оштетени“, напиша „Енергоатом“ на Телеграм.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.