Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади денес објави дека градот Мосул е ослободен и прогласи победа врз џихадистите од терористичката организација Исламска држава (ИД).
Сепак, според западните агенции, борбите во градот се уште не се сосема завршени на северот на Ирак и се уште се слушаат истрели и бомбардирања. Последните денови неколку џихадисти беа опколени во стариот град Мосул.
Освојувањето на Мосул, каде што ИД го имаше главното седиште, е најзначајната победа во Ирак против ИД. Терористите го освоија градот во 2014 година како и други делови на Ирак.
Офанзивата започна на 17 октомври 2016 година од страна на ирачките сили поддржани од меѓународната коалиција предводена од САД. Оваа офанзива доведе и до хуманитарна криза кога 700.000 цивили мораа да бегаат од градот.
Мосул има симболично значење во борбата против ИД. Нејзиниот шеф Абу Бакл ал-Багдади во јули 2014 година за прв пат се појави во јавност и објави “калифат” под контрола на ИД во териториите на Сирија и Ирак.
Сепак, ова не е крај на војната во Ирак против џихадистите. ИД се уште контролира повеќе зони во Ираk и територии на истокот и центарот на Сирија каде што градот Рака е опколен од силите на коалицијата.




