Published: Monday, March 11, 2019 14:59
Индонежанката Сити Аисјах, која беше обвинета дека учествувала во убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, Ким Јонг-нам денеска е ослободена од обвинението и пуштена од затворот во Малезија.
– Сити Аисјах е слободна, изјави судијата на Врховниот суд во Шах Алама, Азмин Арифин.
Одлуката за ослободување на Аисјах е донесена откако судијата го прифати барањето на Обвинителството да се откаже од обвинението.
Индонежанката Аисјах и Виетнамката Ти Хуонг беа обвинети на 13 февруари 2017 година дека со гасот VX го убија Ким Јонг-нам на аеродром во Куала Лумпур.




