Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ослободени сме од партиски и етнички притисоци, вели Петровска

0
By НОВА ТВ Terziova on April 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ослободени сме од дневните етнички, партиски, соседски, медиумски и друг вид на притисоци. Заедно, Министерството за одбрана со вас како организација работиме за доближување, остварување и интегрирање, а не за изолирање на евроатлантските интереси на државата. Тоа го правиме со постојано балансирање и толерирање на наднационална, надетничка, надпартиска активност со едноставна цел за справување со секојдневните предизвици во работењето, со постојана грижа за безбедноста, мирот и одбраната на граѓаните од сите видови на загрозување и секако остварување на нивните слободи и права. Ова вечерва го соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечената академија по повод 70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија.

-И затоа во Армијата се вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите е со нашата колективна сплотеност по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето, рече министерката за одбрана.

Петровска потсети на формирањето на Здружението на резервни офицери на Македонија, на развојните фази низ кои поминала денешната Организација на резервни офицери.

-Денес резервните офицери ги реализираат НАТО-плановите за помалите држави да имаат помала, но поефикасна воена сила и да има се поголема цивилна контрола на војската зошто и нашата општествена улога е воена, но повеќе е и цивилна со секојдневно извршување на цивилните професии во граѓанското општество, рече Петровска. Додаде дека дејствувањето на резервните офицери како организација секогаш е обединувачко.

Петровска нагласи дека Организацијата на резервни офицери е пример за модерно дејстување и промотор на евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општество. Посочи на улогата на резервните офицери кои, како што рече, се цврста врска, мост меѓу военото и цивилното, покрај военото искуство, резервните офицери даваат голем придонес и со нивната цивилна стручност и професија.

Министерката Петровска изрази сочуство до семејството и колегите на прерано починатиот Тони Петрески од Министерствотото за одбрана.

На свечената академија јубилејни плакети од Организацијата добија претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски…

Македонија одбрана Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.