Двајцата Американци кои поминаа месеци затворени во Северна Кореја пристигнаа во САД. Кенет Беј и Метју Тод Милер се ослободени откако официјален претставник на американскиот претседател Барак Обама лично однесе писмо во земјата на Ким Јонг ун.
Американците слетале на аеродром во Вашингтон пречекани од семејствата.
– Сакам да ви се заблагодарам за поддршката цело ова време, изјави кратко пред медиумите Беј, заблагодарувајќи му се на Обама и Стејт Департментот за заложбите да бидат ослободени.
Тој исто така најде простор за благодарност и до земјата во која беше затвореник.
– Сакам да и се заблагодарам и на Северна Кореја и нејзината влада што ми дозволија да дојдам дома покрај моето семејство, дополни Американецот.
Тој и Милер се ослободени по посетата на шефот на американската државна разузнавачка служба Џејмс Клапер во Пјонгјанг.




