Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги наведе денес причините поради кои е донесена одлуката екс премиерот Владо Бучковски да биде именуван за специјален преставник за спорот со Бугарија.
-Не назначуваме техничко лице туку поранешен премиер кој во минатиот период има остварено значаен придонес во подобрувањето на односите меѓу двете земји и е добар познавач на состојбата. Со неговото пополнување се пополнува и дипломатската празнина бидејќи во моментов немаме таму назначено амбасадор на Македонија, рече Османи.
Додека зборуваше Османи зградата ја затресе силниот земјотрес, како симболика за стресот од најновата фаза на бугарско-македонските односи. Но, тоа не го помрдна новоименуваниот специјален преставник, Бучковски. Тој пред се изрази задоволство што следната година ќе соработува со министерот Османи во напорите да се најде решение што ќе ги одблокира европските интеграции на Македонија.
-Јас се надевам дека моето именување ќе бидам јасен сигнал за посветеноста на нашата влада за исполнувањето на Догодворот од 2017 година. Убеден сум дека можеме да стигнеме до решение кое и ќе го одблокира процесот и ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство, рече општо Бучковски, без да навлегува во деталји во интерес на преговорите
Околу забелешката до Бучковски дека има едногодишен мандат а ние имаме една недела за решавање на спорот до министерскиот состанок на ЕУ, Османи рече дека Договорот од 2017 беше пресвртница во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и беше формула за успех за надминување на разликите што не можеа да се надминат со години, така што намерата сега е да се врати во него довербата. Според Османи именувањето на Бучковски може да биде дополнителен импулс и механизам во враќањето на довербата во Софија дека нашата владата е посветена на надминување на разликите што постојат.
Тој не ги коментираше ставовите на опозицијата за кредибилноста на Бучковски како специјален преставник за Бугарија туку само рече дека тој е „сериозна додадена вредност“ во враќањето на довебата во процесот.
Бучковски од своја страна напомена дека во објаснувачкиот меморандум пто Бугарија го дистрибуираше до земјите членки на ЕУ биле споменати само тој, Денко Малески и Љупчо Георгиевски како личности кои реално работеле на подобрување на односите, што звучеше како Македонија да и ги исполнува желбите на Софија, поточно и испраќа олеснувачи по нејзин вкус.
Според Бучковски пропустот бил бо тоа што фокусот бил целосно свртен на Историската комисија, додека биле запоставени другите аспекти на Договорот од 2017 година, како заедничките инфраструктурни проекти, соработката во образовнието, културата и медиумите кои се голем пердизвик.
-До последен момент треба да се бориме да се изнајде решение. Ние мора да имаме дијагнози за состојбите кај нас, кои беа очекувањата пред ветото и кои се механизмите што сега ни стојат на располагање, рече Бучковски околу дилемите дека за краток рок може да дојде до одблокирање на процесот.
-Убеден сум дека ќе најдеме решение, но не за седум дена. Но, ние сме на вистинскиот пат. Нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги праќаме пораките по медиуми. Има инструменти, со договорот, ако е користеа досега немаше да дојдеме до оваа криза. Имаме сериозни аргументи за говорот на омраза кои се испорачани на другата страа и ги очекуваме реакциите. Кога се молчи подобро се доаѓа до посакуваното решение, рече Бучковски на забелешките дека јавноста се дрѓи далеку од тоа што навистина се договара со Бугарија.