Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со цел тоа никогаш да не се повтори

0
By Marija Todorovska on April 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2024 12:50

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при што истакна дека осудувањето и сеќавањето на меѓународно признатиот геноцид во Сребреница е човечка должност. Воедно, потенцира дека Република Северна Македонија одлучи не само да ја поддржи, туку и да ја коспонзорира резолуцијата на Обединетите Нации за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

“Осуда на геноцид е универзална човекова должност и тоа не е поврзана со било која припадност. Во 2010-тата година нашето Собрание има донесено одлука по однос на Сребреница, прифаќајќи ја резолуцијата од Европскиот парламент. Значи како држава никогаш не сме имале дилема по однос на тоа што се случило во Сребреница, кога во еден ден се убиени 8 372 цивили и тоа не може да се нарече поинаку. Најголемите критики во текот на вчерашниот ден беа: обид на Министерот за надворешни работи да нé скара со пријателска Србија. Напротив, оваа не е поврзано со Србија, не е поврзано со Српскиот народ, бидејќи осудувањето на геноцидот ги надминува било каквите дипломатски врски и односи помеѓу двете држави и нсроди. Човечка должност ни е да осудиме, да ги промовираме фактите, со цел тоа никогаш да не се случи” истакна Османи.

На денешната отворена дискусија на тема: Северна Македонија коспонзор на резолуцијата на ОН за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, Османи ги отфрли обвинувањата дека целта на овој акт на Министерството е влошување на билатералните односи на државата со соседна Србија, тврдејќи дека се работи за однос на земјата кон злосторво против човештвото кој меѓународните надлежни институции го имаат именувано како геноцид и дека како таков не смее да го негира.“Војните во Балканот завршија и на земјите од регионот им треба помирување” рече Османи апелирајќи им на Србија и Босна и Херцеговина да го следат примерот на Германија и Франција по Втората светска војна.

На дискусија, со видео-обраќање учествуваше и министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, кој упати благодарност до Северна Македонија за конспонзорирањето на резолуцијата, убеден дека прогласувањето на 11 јули за меморијален ден значително ќе придонесе за мирот и безбедноста на регионот и ќе ја зајакне вербата во институциите на Обединетите нации, што според него, на светот му е потребно.

“Дозволете ми да ве потсетам на геноцидот извршен во јули 1995 година во заштитената безбедна зона на Обединетите нации, Сребреница, брутално беа убиени повеќе од 8000 момчиња и мажи, 1000 беа насилно раселени, цели семејства беа уништени, а нивните домови беа опустошени. Бројни сторители беа изведени пред правдата, а најстрашното злосторство, систематското убивање на бошњачкото население во заштитената зона на Сребреница, беше законски признато како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. И никогаш не смее да биде предмет на различни толкувања. Ова го препознаа одговорните луѓе кои спроведуваат одговорни политики во Северна Македонија”, истакна Конаковиќ.

На дискусија со свои гледишта учествуваа и Претседателот на Бошначкиот национален совет, Џевад Хот, граѓанската активистка, Мерсиха Смајловиќ и адвокат, Едина Зекировиќ Фазлагиќ, кои покрај изразите на благодарност кон Министерот Османи за донесената одлука за коспонзорирање на резолуцијата, ги изнесоа и своите гледишта зошто ова е праведна одлука и за важноста на воспоставување на ден заодбележување на масакарот од Сребреница.

Бујар Османи геноцид Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.