Министерот за надворешни работи Бујар Османи од Софија изјави дека се уште нема решение за отворените прашања, што би било прифатливо и за Бугарија и за Република Северна Македонија.
Османи при посетата на главниот град на Бугарија потврди дека преговорите се во тек и повика историските прашања да се препуштат на надлежната Мешовита комисија на двете земји.
„Мислам дека сега имаме идеална шанса да постигнеме решение, кое ќе гарантира забрзување на процесот. Не е време да се чека со месеци и години. Одлуките мора да се носат сега, бидејќи ние сме одговорни за регионот и иднината дека мора да го направиме тоа и ќе го направиме тоа, но мора да ја имаме на ум важноста да се донесат правилни одлуки во моментот“, кажа македонскиот шеф на дипломатијата, пренесува „БНР“.