Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Мортон: Нова ера во развојот на односите меѓу РС Македонија и Обединетото Кралство со Советот за партнерство, трговија и соработка

0
By НОВА ТВ Balaban on October 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички ко-претседаваа со  првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

 

Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова ера во развојот на односите меѓу двете земји кои негуваат долгогодишно партнерство во изминатите 28 години, кое се рефлектира преку силни пријателски односи.

“Отсега натаму, овој Совет ќе ја има улогата на координатор и контролор на работата на двете држави за предизвиците и начините за имплементација на одредбите од Спогодбата за соработка, која ја потпишавме пред само неполна година. Денес ние институционално, административно и технички, не само што обезбедивме континуитет на севкупната билатерална соработка со Обединетото Кралство и после Брегзит, туку слободно можам да кажам дека од денес создаваме и нови потенцијали за бизнисите; потенцијали и за нови странски инвестиции, но и можности за проширување на постоечките бизнис капацитети во земјава“, истакна Османи.

Обединетото Кралство, во изминатите десет години прерасна во еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија, а размената меѓу двете земји веќе одамна ја надмина границата од една милијарда евра на годишно ниво. Минатата година и покрај влијанието на пандемијата, обемот на трговија се зголеми со оваа земја со што Северна Македонија стана нивниот најголем трговски партнер меѓу земјите од Западен Балкан.

На состанокот беше изразено задоволство и од континуираната успешна соработка во областа на одбраната, а како исклучително значајна е долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја.  Беа разменети мислења и за други прашања од заемен интерес,  состојбите во Регионот и соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка  на двете земји во иднина.

Двајцата министри за време на состанокот го усвоија и потпишаа Деловникот за работа на Советот за партнерство, трговија и соработка, а за нешто повеќе од една недела, на 21 октомври, ќе се одржи и првиот состанок на Комитетот за партнерство и трговија, како тело за технички и административен надзор за имплементација на Договорот, со што и формално ќе се заокружи процесот на институционална поставеност меѓу двете земји за идниот развој на севкупните билатерални односи.

 

Бујар Османи Венди Мортон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.