Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи насред пандемија и забрана за посети кај Џафери, кој е со клиничка слика на Ковид

0
By Менче Атанасова Точи on July 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2020 15:36

Во време кога се строго забранети посети во болниците заради пандемијата со Ковид, на социјалните мрежи осамна фотографија на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со претседателот на Собранието Талат Џафери кој е хоспитализиран на Инфективната клиника.

На фотографијата во болничката соба е и Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија, кој претходно беше министер за животна средина.

Османи, кој беше и министер за здравство,  на фотографијата која ја сподели на Фејсбук напиша „Еднаш воин, секогаш воин!“.

Со одлука на Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести каде што се лекуваат пациенти со Ковид строго се забранети посети, а посети се забранети и во другите болници.

Директорката на Инфективна клиника, д-р. Милена Стевановиќ посетата на двајцата функционери кај Талат Џафери, ја правда со тоа што Бујар Османи бил повикан како абдоменален хирург за конзилијарно мислење за друг пациент.

„Тој беше дојден за конзилијарен преглед кај друг пациент, па го искористил моментот да го види пациентот“, изјави за НОВА, Стевановиќ.

Талат Џафери од петокот е хоспитализиран на Инфективаата клиника со пневмонија, како што беше официјално објавено во јавноста.

Но, Џафери ги има сите симптоми и класична клиничка слика на Ковид, потврди д-р. Стевановиќ за НОВА. Таа вели дека тестот што го направил во некоја лабораторија е негативен, но тоа не значи дека нема Ковид.

„Беше примен со температура, која сега веќе ја нема и со пневмонија. Тој има класична клиничка слика на Ковид, но тестот му е негативен. Ние го лекуваме, односно му даваме терапија за Ковид. Има специфична ренген снимка и други анализи кои укажуваат на Ковид и тоа не смее да се остави така, мора да се лекува“, изјави за НОВА, д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Таа рече дека не знае, не се сеќава каде му е направен тестот кој се покажал негативен, но потврди дека денеска му е земен нов тест.

„Денес му е земен нов тест  и нема ништо чудно што првиот излегол негативен. Ние имаме пациенти со по 3-4 негативни тестови со симптоми на Ковид кои ги лекуваме, а дури последниот тест покажал дека е позитивен.  Ќе ја следиме ситуација и здравствената состојба на пациентот“, објаснува Стевановиќ.

д-р.Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести

Стевановиќ вели дека Џафери е многу дисциплиниран како пациент, дека нема никакви посебни барања и дека остава лекарите да си ја вршат својата работа.

НОВА се обрати и во Центарот за јавно здравје-Скопје со прашање дали се пријавени и пронајдени  контактите кои ги имал Џафери за да им се издадат решенија за самоизолација.

Од таму одговорија дека немаат добиено позитивен резултат од тест од било која лабораторија за Џафери и со оглед на тоа немаат обврска да ги бараат контактите.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.