Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Не сме под безбедносна закана, но ќе има импликации и на цените на прехранбените производи

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руската агресија во Украина ќе има сериозни последици по европската безбедносна архитектура, а тоа значи на целиот континент. Тоа обично  се манифестира на слабите точки, а Балканот е слабата точка – раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за тоа какви се проценките и анализите за можни безбедносни импликации на Балканот, особено во Косово, БиХ во врска со настаните во Украина.

Шефот на дипломатијата нагласи дека ние како држава директно не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат.

Османи наведе дека како земја членка на НАТО ги имаме во реално време сите информации и ги знаевме сите чекори на Москва пред две недели, што дава можност да донесете добро информирани одлуки, да се подготвувате за било кои последици.

Шефот на дипломатијата потсети дека НАТО е сојуз што се грижи за секој квадратен метар територија на своите земји членки, што значи дека ние сме под заштита на НАТО, но сепак ги преземаме сите мерки во однос на заштита од сајбер напади и друи мерки, за што Владата расправа во претходните недели, а денеска ќе има седница на која ќе се преземаат дополнителни мерки.

– Треба да бидеме многу внимателни тука во регионот, нагласи Османи.

Тој додаде дека и затоа се овие чести комуникации со регионалните фактори за да бидеме координирани, а се усогласивме и заеднички. Ставот е дека никој во регионот не сака конфликт, ескалација и мора да бидеме многу внимателни во тој дел.

– Секако ќе има и економски импликации и тие веќе се чувствуваат, во цените на гасот, во цените на изворите на енергија, а тоа ќе се манифестира уште повеќе на цените на другите производи, вклучувајќи ги прехранбените производи, изјави Османи, по средбата со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ.

Бујар Османи Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.