НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Никој не преговара за идентитетот и јазикот тоа е право на самоопределување на секој човек-во преговорите се водиме целосно од државните позиции

0
By Mirjana on January 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек и никој не преговара за нив – дециден е шефот на дипломатијата Бујар Османи. Аргументираниот, мудар и рационален пристап во прегворите со Република Бугарија според министерот за надворешни работи, биле прилика да се надмине обидот за минирање на процесот од страна на поединци и политички групации, рече тој пред пратениците на собраниската Комисија за надворешна политика, каде информираше за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
– Никој не преговара за идентитетот. Јазикот и другите идентитетски атрибути, тоа се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, народ и држава и оттука тоа е неприкосновено прашање за кое ниту некој има право да разговара и преговара, ниту некогаш сме прифатиле за тоа да се раговара. Се разбира дека не негирам, дека имаше обиди од поединци и политички групации, кои се обидуваа да наметнат таков пристап преку тезите: „негирање на идентитет“, „еден народ две држави“, „наметнување на еден единствен поглед на вистината“ но кои преку еден мудар, рационален, аргументативен пристап успеавме да ги отфрлиме како пристапи, а сега да разговараме само за пристапот „право на самоопределување на секој во согласност со постоечкото државно уредување“ – рече Османи.
Министерот истакна дека пакетот политички парашања именуван како „пет плус еден“ содржи важни прашања, кои сега се во фаза на размена на идеи и предлози, па затоа работните верзии во моментов не може да се елаборираат јавно. Османи потврди дека истите кога ќе станат работни верзии ќе бидат доставени до пратениците, со тоа уште еднаш алудирајќи на заеднички позиции кои околу овој процес, треба да ги изградат сите политички чинители во Собранието.
-Пакетот политички прашања именуван како „пет плус еден“ ги содржи прашањата кои за нас се важни, а тоа се: Спроведување на одлуката на Европскиот Совет од 20 март 2020-та година со одржување на првата меѓувладина конференција со јазикот како официјален јазик на Европската Унија без никакви додатни кваливикации, како и прашања поставени од Република Бугарија кои, како што реков, сега се сведени на принципот „право на самоопределување согласно уставното уредување на државите“, како и прашањето на говорот на омраза и рехабилитација на жртвите од комунизмот. Ништо повеќе ниту помалку не содржи овој пакет на политички прашања кој се разбира во моментот е во фаза на размена на идеи, нон папери и работни документи кои се предмет на разговори и кои се уште не сум во можност да ги претставам тука тие работни верзии затоа што тие се само работни предлози кои не се договорени. Но, секако доколку стигнеме до ситуација тие работни верзии да станат прифатливи за двете страни, пред истите да се одобрат ќе бидат писмено доставени до пратениците – кажа министерот за надоврешни работи Бујар Османи.
Во настапот пред членовите на комисијата за надворешни работи, Османи нагласи дека секое прашање во преговорите поминувало низ експертски филтри во МНР истите оние со кои работел и Антонио Милошоски.
– Државниот тим на Северна Македонија, во преговорите со Република Бугарија се води исклучиво од државните позиции поставени од декларацијата на нашето Собрание -рече министерот Бујар Османи, пред членовите на Комисијата за надворешна политика. Секое прашање поминува низ неколку филтри од експерти и дипломати во МНР, а тоа се истите луѓе со кои работел и Антонио Милошоски како министер, порача Османи. Според министерот, унифицирањето на позициите на сите преставници на етничките заедници во земјава, во еден и единствен државен став кој беше едногласно пренесуван и во Скопје, и Софија, и во Брисел и во Вашингтон е причина позицијата на нашата држава да стане многу посилна. Османи изрази жалење што некој се уште има за цел да внесе немир во јавноста и да го минира ова единство, потенцирајќи дека тоа не е од претставници на албанската заедници или од помалите заедници.
– Сакам да разјаснам уште некои тези преку кои некој се обидува да внесе немир кај граѓаните, а тоа е тезата дека се можни ад-хок решенија, дека некој може сам, преку ноќ, позади завесите, без знаење на граѓаните, да донесе било каква одлука или договор, на штета на нашите државни позиции поставени од декларацијата на нашето Собрание. Сакам да порачам дека државниот тим целосно се води од државните позиции, заклучи меѓу другото министерот Бујар Османи. 
Османи Реферирање собраниска комисија за надворешна политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.