Отворањето на Уставот за внесување на бугарското малцинство ќе помине со потребното мнозинство во Собрание, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Земајќи ги изјавите на политичките партии, дури и на опозициската, по однос на отворање на Уставот и внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, очекувам не само две-третинско мнозинство, туку 118 пратеници ќе гласаат „за“, кажа Османи.

Според него, прво тоа е наш интерес за да го утврдиме правецот на нашите односи со Бугарија, а второ затоа што е универзално право и немаме критериуми по кои што ги делиме граѓаните, освен 20% кој што е критериум по кој се утврдуваат некои колективни права, истакна Османи во дебата со уредници на телевизии.