Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Очите на 18 милиони луѓе се вперени во Софија

0
By Соња Крамарска on June 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Очите на 18 милиони луѓе се вперени во Софија каква одлука ќе донесе за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Мислам дека граѓаните на Бугарија не сакаат да бидат кочничари на европската иднина на 18 милиони луѓе бидејќи тоа веќе не е ни прашање дали Северна Македонија ќе почне преговори, туку дали Западен Балкан ќе има европска перспектива“, рече претпладнево шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата во Скопје со хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман.

„Во рацете на Република Бугарија, земја која што во 2018 година ја врати европската агенда на Западен Балкан преку самитот во Софија, потоа ја запечати таа агенда Загреб преку нивното Претседателство, во нивни раце е дали сега во Софија ќе се погребе таа перспектива на Западниот Балкан“, подвлече Османи.

Тој додаде дека се надева дека бугарските политичари ќе се издигнат на нивото на задачата што ја имаат и нема да дозволат во Софија да се изгради споменик на гробот на најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години а тоа е политиката на проширување.

Хрватскиот министер Гордан Грлиќ Радман повика на зголемено присуство на ЕУ на Западен Балкан на начин што ќе ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

„Присуството на ЕУ е знак дека е тоа простор на ЕУ. Отворањето преговори со Северна Македонија е добар психолошки и важен момент и за граѓаните кои чекаат 17 години тоа да се случи. Северна Македонија направи се што е потребно, направи голем напредок во однос на останатите земји од Западен Балкан, спроведе реформи, граѓаните се проевропски и треба да се отвори ново поглавје на европската перспектива“, рече хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања. (С.К.)

Бујар Османи Гордан Грлиќ Радман преговори со ЕУ прес во Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.