Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи пред ирските пратеници: Повеќе интеграција пред членството во ЕУ за поголема кредибилност на процесот

0
By Ана Василевска on May 10, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи во Ирска
Османи во Ирска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на работната посета на Ирска, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше обраќање пред Комитетот за ЕУ прашања во ирскиот Парламент.

Османи ги брифираше ирските пратеници, членови на Комитетот за ЕУ прашања, за евроинтегративен процес на Северна Македонија, потсетувајќи дека во изминатите речиси две децении, државата е докажан и веродостоен партнер на Унијата, со стопроцентна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, кредибилен сојузник во НАТО и одговорен член на меѓународната зедница преку претседавањето со ОБСЕ во актуелниот нестабилен геополитички контекст, соопшти МНР.

„Северна Македонија ја докажа својата својата посветеност кон првиот надворешно-политички приоритет – членството во ЕУ – со сопствените паметни и визионерски мирољубиви политики во изминатите 30 години внатре во нејзините граници, кон соседите и на меѓународно ниво, градејќи енергична мултиетничка демократија преку култура на дијалог, мирно решавање на билатералните спорови, добрососедство и регионална соработка и со силно почитување на меѓународниот поредок заснован на вредности и норми“, истакна Османи.

Говорејќи за предизвиците кои претстојат на патот кон членство во ЕУ до 2030 година, министерот Османи потенцираше дека е потребно на Северна Македонија да и се даде шанса да се приближи кон ЕУ преку конкретни краткорочни мерки, за време на процесот на пристапување, што, за возврат, ќе ја зголеми довербата на граѓаните во извесноста од крајната цел – полноправно членство во ЕУ.

„Северна Македонија никогаш не одела по пократкиот пат во однос на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ и ќе продолжи и понатаму да чекори сигурно, обезбедувајќи ја иднината на своите граѓани и напредокот на земјата, преку спроведување на реформската агенда, но, токму заради тоа, треба да вбризгаме поголема кредибилност на процесот, подразбирајќи повеќе интеграција пред членството“, заклучи Османи

Бујар Османи Ирска членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.