Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Велч: Членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива

0
By Marija Todorovska on March 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи во техничката Влада Бујар Османи денеска остварил телефонски разговор со американскиот сенатор Питер Велч, кој ја предложи Резолуцијата за поддршка на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија.

Резолуцијата во Сенатот на САД, како што се наведува во соопштението од МНР, е уште една потврда дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива.

За време на разговорот, како што се посочува во соопштението, Османи нагласил дека Резолуцијата, која е поддржана од сенатори од Демократската и од Републиканската партија, претставува дополнителна потврда дека нашиот евроинтегративен процес нема алтернатива, но истовремено дека е и охрабрување до Унијата дека треба да се забрза нашиот пат до полноправно членство.

-Резолуцијата е уште една демонстрација за силната поддршка од САД за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и доказ за силното сојузништво меѓу двете земји во исполнувањето на споделената стратешка цел – нашето членство во ЕУ. Тоа е и на линија на нашите заеднички заложби во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, што го лансиравме со државниот секретар Блинкен во јуни 2022 година, истакнал Османи.

Соговорниците, осврнувајќи се на текстот на Резолуцијата, го поздравиле напредокот на Северна Македонија во спроведувањето на реформската агенда, поддршката за Украина, како и долгогодишното стратешко партнерство и НАТО сојузништво меѓу двете земји. Истовремено, било истакнато и силното лидерство на Северна Македонија за време на претседавањето со ОБСЕ минатата година.

-Резолуција за поддршка за влезот на Северна Македонија во Европската Унија е спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина, Пит Рикетс и Том Тилис, се наведува во соопштението од МНР.

Бујар Османи Велч ЕУ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.