Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Лондон на Конференција за обнова на Украина: Зајакнување на поддршката за Украина како одговор на заедничките безбедносни предизвици

0
By Marta Pesevska on June 21, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Лондон, во чиј фокус, како што информираат, биле можностите за поддршка на Украина, како и идните чекори за обнова на земјата која се соочува со последиците од руската воена агресија.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Лондон, во чиј фокус, како што информираат, биле можностите за поддршка на Украина, како и идните чекори за обнова на земјата која се соочува со последиците од руската воена агресија.

На состанокот, Османи, ја реафирмираше недвосмислената поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја обезбедената помош за земјата, стои во соопштението на МНР.

-Од самиот почеток, Северна Македонија силно ја осуди руската агресија врз Украина, повикувајќи на итно прекинување на воените дејствија и изразувајќи поддршка и солидарност со украинскиот народ. Северна Македонија е четврта меѓу земјите-членки на НАТО во воена помош за Украина по глава на жител, а воедно обезбеди и хуманитарна и медицинска помош, истакна Османи.

Воедно, Османи ја нагласи и поддршката на Северна Македонија преку нашето активно учество во Меѓународната кримска платформа, како и неодамнешното приклучување кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи потенцираше дека Украина е меѓу приоритетите на нашето претседавање, нагласувајќи дека на располагање се сите механизми на Организацијата за поддршка на земјата, нејзините институции и луѓето од погодените области.

Конференција за обнова на Украина Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.