Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за Европската политичка заедница: Тоа е идеја и не е алтернатива на пристапување кон ЕУ

0
By Соња Крамарска on May 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се уште е иницијатива во зародиш, се уште нема ниту еден пишуван документ, но според тоа што го кажуваат сите чинители кои се во зародишот на оваа идеја тоа не е алтернатива на пристапниот процес во кој што земјите од Западен Балкан се движат 20 години , туку нова иницијатива за политичка конвергенција на континентот во ЕУ без притоа да влијае или да биде замена на тоа што го имаме тука“, рече денес шефот на дипломатијата Бујар Османи во врска со идејата на францускиот претседател Макрон за Европска политичка заедница, која на Западен Балкан е дочекана со недоверба затоа што се стравува дека е замена за преговорите и членство во ЕУ.

Османи рече дека се додека нема други објаснувања и Македонија нема да стравува дека е тоа алтернатива за преговори и членство во Унијата. „И ние така го гледаме тоа се додека не има нови објаснувања. Меѓутоа од разговорите што ги имаме со сите претставници во ЕУ, и со оние кои ја заговараат идејата е дека таа не претставува алтернатива. Мислам дека ние треба да бидеме фокусирани на нашиот процес, далеку сме отидени во тој процес и во исполнувањето на критериумите и во формалните чекори на патот кон полноправното членство во ЕУ“, вели министерот за надворешни работи.

Во однос на разговорите со Бугарија за надминување на блокадата кон пристапниот процес што ни ја наметна источниот сосед, Османи рече дека во Рим премиерите Ковачевски и Петков им дале охрабрување на шефовите на дипломатиите на двете земји да продолжат со дијалогот, и дека тоа ќе го направат. „Во моментов нема ништо што можеме да го споделиме во јавноста, кога ќе има, ќе кажеме“, рече министерот Бујар Османи. (С.К.)

 

 

 

 

Бујар Османи Европска политичка заедница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.