Основачот на Amazon, иако само накратко го надмина Бил Гејтс и еден ден беше најбогат човек на планетата. Ова е неверојатен чекор за човек кој само пред нешто повеќе од 20 години продаваше книги од гаража.
Акциите на Amazon вртоглаво растат во последниот период. Трендот продолжи и по објавувањето на заработката од последното тримесечие. Г. Безос поседува 80 милиони акции на Amazon, па неговото богатството се проценува на 90 милијарди долари. Заедно со Washington Post и Blue Origin, г. Безос го надмина г. Гејтс.
Секако, финансиската тежина на основачот на Amazon најмногу зависи од вредонoста на акциите на компанијата. Доколку паднат акциите на Amazon и пораснат акциите на Microsoft, оваа ситуација повторно може да се промени (што и се случи). Целиот артикл прочитајте го на порталот за технологии ИТ.мк

