Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основците ќе учат по старите програми се додека не се донесе нов закон

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 14:02

Додека не се донесе нов закон за основното образование, основците ќе учат по старите наставни програми, иако работната група што го подготвува законот соопштувајќи ги во јануари ревидираните наставни планови за прво одделение  имаше очекување дека тие ќе бидат применети во барем  неколку пилот-училишта од овој септември.

По првата верзија, работната група во МОН сега подготвува и втора верзија на новиот закон која повторно ќе биде ставена за сугестии и забелешки на електронскиот регистар на прописи ЕНЕР.

Арбер Адеми денеска на прес-конференција по повод еден месец од преземањето на функцијата министер за образование и наука рече дека интензивно се работи на реформите и донесување на законот, но дека тој е комплексен и треба да се состави внимателно и во интерес и на учениците, и на наставниците. За да се најде најдобро решение, рече, вклучуваат  екперти од релевантни институции и од меѓународни организации.

– Кога се работи за крупни законски решенија, не треба да се брза, затоа што сме виделе усвојување закони, а потоа многу бргу измени и дополнувања на тие закони. Се работи за многу значаен закон и затоа треба да се најде најдобро решение. Се работи за креирање квалитетен воспитно-образовен систем за иднината на нашите деца. Во однос на пилотирањето на плановите, тогаш кога ќе сметаме дека една реформа функционира и ќе биде продуктивна, неа и ќе ја примениме, рече Адеми.

На почетокот на годинава работната група заедно со тогашната министерка Рената Дескоска презентираше ревидирани наставни планови и програми за прво одделение, кои предвидуваа помалку (шест) предмети, најмногу четири часови дневно и одмори со слободни активности и игри, за да се овозможи блага транзиција на првачињата од семејствата или градинките кон училиштата. Со усвојувањето и примената на новите наставни планови беше предвидено да престане и важењето на наставната Кембриџ-програма.

Адеми денеска рече дека новини може да се воведат само по усвојување на законот и дека во неговото донесување треба да се имаат предвид сите засегнати страни, така што, ако се намали бројот на предмети и часови, од друга страна треба да се имаат предвид и  наставниците кои со тоа ќе имаат помалку работа.

– Тоа е процес што оди паралелно. Не треба да дозволиме да имаме технолошки вишок… Има многу прашања за кои треба повнимателно да размислуваме. Тука е, исто така, и прашањето за образованието на децата со посебни образовни потреби – дали ќе имаме ресурсни центри, посебни училишта итн. Значи, освен што треба да се споредуваме со други земји, треба да усвоиме решение според спецификите на нашата држава, истакна Адеми.

Соопшти дека МОН почнува со подготвителни активности и за нов закон за средното образование. Повеќе ќе се промовира средното стручно образование, а во план е до учебната 2019/2020 да се заокружи процесот на целосно реформирање на четиригодишното средно стручно образование.

Според германски модел ќе се воведе дуално стручно образование и од септември овој концепт ќе се примени во две средни пилот-училишта во Охрид и Кавадарци, за што веќе се усвоени наставните планови за прва година.

– Дуалното стручно образование подразбира поголема соработка меѓу училиштата и бизнис-секторот, односно повеќе пракса на учениците, и тоа директно, на работното место, под менторрство на вработените во компаниите. Целта е да се стекнат потребните компетенции и вештини кои ќе им овозможат вработување на младите непосредно по завршување на нивното образование, рече Адеми довајаќи дека се работи за важна реформа од која се големи и очекувањата зашто таа директно влијае на кратењето на времето за премин од образование кон работа.

Во однос на учебниците, Адеми рече дека се формирани комисии за измени до, како што рече, 30 проценти од содржината на повеќе учебници од основното и средното образование.

– Во изминатиот период отворивме можност за коригирање на сите неточни податоци или за дополнување на некои факти во учебниците. Објавивме и јавен повик до сите граѓани да ни достават конкретни предлози за некоја неправилност или недореченост или за корекција и формиравме комисии. Работата е во тек, но не сме доволно задоволни од тоа што го добивме од наставниците и граѓаните на јавниот повик. Ние сме интензивно во контакт со челновите на комсиите, со издавачите и авторите, за да го подобриме квалитет на соджината на учебниците, рече министерот.

Информираше дека се донесени решенија за учебници за италијански јазик, кој од септември (покрај францускиот и германскиот) ќе биде втор странски јазик за сите одделенија во основно и за сите години во средно. Босанскиот јазик, пак, од претстојната 2018/2019 година се воведува во редовната настава во основното деветгодишно образивание, за што е одобрен и наставниот план.

На прес-конференцијата Адеми апелираше и до високообразовните институции своите статути и акти да ги усогласат со донесениот нов  Закон за високо образование

Адеми. МОН закон измени Основно образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.