Published: Monday, October 14, 2019 20:30
Полицијата вечерва го обезбеди убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој е во бегство речиси две години, потврдуваат извори во МВР.
Филип Секуловски Кобра кој беше баран со потерница од МВР веќе е во затворот во Шутка.
Мартин Јанушев на 3 ноември 2017 година беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром.
Потерницата по 25-годишниот Филип Секуловски, кој е осомничен за убиството Јанушев беше распишана набрзо по убиството.




