МВР ја објави потерницата по 25-годишниот Филип Секуловски, осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.

Меѓународната потерница е објавена откако минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека полицијата има несоборливи докази дека Ф.С. е сторителот на убиството. Филип Секуловски е осуденик, кој бил пуштен на слободен викенд и не се вратил на доиздржување на затворската казна.

Јанушев на 3 ноември беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром. Од МВР велат дека имаат индиции каде се наоѓа убиецот и работат на негово приведување. Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не станува збор за нарачано убиство.