Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничените за убиството на Славко Чурувија на десетчасовен распит

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 12:19

Распитот на Милан Радоњиќ и Ратко Ромичиќ, осомничени за организирање и учество во убиството на новинатор и сопственикот на весникот Телеграф, Славко Чурувија, траел десет часа и завршил синоќа во два часот по полноќ. Се очекува денеска да биде донесена одлуката за притвор, јавуваат српските медиуми.

Според изјавата на адвокатката Зора Добричинин Никодиновиќ, која ја пренесува агенцијата Танјуг, распитот поминал коректно, а на дешната седница истражниот судија треба да соопшти дали ќе се постапи по предлогот на обвинителството одредување мерка притвор за организиран криминал.

Славко Чурувија беше убиен во времето на бомбардирањето на Србија на 11-ти април 1999 година, во влезот од зградата во којашто живеел.

Како инспиратор и нарачател на убиството се споменуваше Мира Марковиќ, тогашна челничка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ), којашто со Социјалистичката партија на Србија (СПС) на нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ, ја сочинуваше тогашната власт.

За речиси петнаесет години, колку што се изминати од убиството, сослушани беа стотици сведоци, но и натаму е непознато кој наредил 27 агенти на СДБ постојано да го следат Чурувија во акцијата под кодното име „Мисир” (Чуран) и во него, пред неговата невенчана сопруга Бранка Прпа, попладнето на 11-ти април, тогаш Велигден, да испука 12 куршуми.

Првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ неодамна изјави дека „зад убиството на Славко Чурувија стои државата” и дека „наредбодавците се живи”, ветувајќи се дека наскоро ќе биде обелоденета вистината, и дека доколку не биде така, тој самиот ќе поднесе оставка. Во времето на убиството на Чурувија, Вучиќ како челник на Српската радикална партија (СРС) на хашкиот притвореник Воислав Шешељ, беше министер за информирање во коалициската влада на социјалистите на Милошевиќ и ЈУЛ на Мира Марковиќ.

Премиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, по повод медиумските најави за апсења во случајот Чурувија изјави дека „сé е во рацете на надлежните државни органи”, како дека „очигледно е дека се откриени нови информации коишто овозможуваат истрагата да биде завршена, да се подигнат одредени обвиненија и да се санкционираат оние коишто се виновни за тоа”.

Според белградските медиуми, продолжувањето на истрагата подразбира и собирање докази за тоа дали некогашниот шев на СДБ, Раде Марковиќ го наредил убиството на Славко Чурувија по налог на Мира Марковиќ. Според досегашните сознанија, Радомир Марковиќ, и високите функционери на службата, Милан Радоњиќ, Ратко Ромиќ и егзекуторот Мирослав Курак ќе бидат обвинети за убиството на Славко Чурувија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.