Давид Силва останува на „Етихад“. Шпанскиот репрезентативец и Манчестер сити ја продолжија соработката до 2020 година, а како најдобра препорака за клупската управа да му понуди нов договор се одличните партии што ги прикажува во оваа сезона и фактот дека се промовира во прв асистент во Премиерлигата и во историјата на „граѓаните“.
„Горд сум на оствареното со Сити во овие седум ипол години. Предводени од Пеп, мислам дека сме во одлична позиција за освојување на трофеи како оваа сезона, така и во иднина. Задоволство е да се биде дел од тим што негува ваква игра“, е коментарот на Силва по потписот на нов договор со Манчестер сити.
Силва пристигна во синиот дел на Манчестер во 2010 година од екипата на Валенсија, па ако новиот договор биде испочитуван докрај, тогаш ќе има децениски стаж во Сити.