Кевин Принс Боатенг (30) останува во Лас Палмас и во наредните три сезони. Фудбалскиот репрезентативец на Гана потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш од Канарските острови чиј дрес ќе го носи до летото во 2020 година.
Лас Палмас е седма средина во клупската кариера на Боатенг. Почна во берлинска Херта и продолжи во Тотенхем, во Борусија Дортмунд, во Портсмут, во Милан и во Шалке 04. Мина низ три репрезентативни категории во Германија (У19, У20, У21), а од 2010 година го прифати повикот да заигра за националниот тим на Гана.
Боатенг постигна 10 гола во 29 меча за Лас Палмас во оваа сезона во Примера.