Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставка на јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер

0
By Нова ТВ on September 26, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 26, 2014 16:49

Ерик Холдер во четвртокот изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата јавен обвинител на САД, обезбедувајќи простор за потенцијално жестока борба во Сенатот за потврдување на наследник кој ќе може да ја реши долгата листа нерешени предмети во Министерството за правда.

Холдер, непомирлив либерален глас и еден од најблиските соработници на претседателот Барак Обама, ќе остане на функцијата до кандидирање и потврдување на наследникот. Неговиот речиси шестгодишен мандат, одбележан со унапредувања на граѓанските права и чести пресметки со Конгресот, го направи да биде еден од јавните обвинители со најдолг мандат во земјата.

„Никогаш нема да ја напуштам работата. Јас ќе продолжи да и’ служам на државата“, изјави Холдер во Белата куќа, со Обама покрај него, за време на кусата објава на неговото заминување.

Следниот јавен обвинител ќе се соочи со многу предизвици, вклучувајќи го и управувањето со иницијативите за борба против тероризмот насочени против милитантните на Исламска држава, балансирање со правото на приватност во однос на владините напори за набљудување и да одлучи дали да продолжи со напорите да се донесе пред лицето на правдата поранешниот вработен во разузнавачка агенција Едвард Сноуден, кој сега живее во Русија, поради обелоденување на тајни набљудувања.

Заминувањето на Холдер може да предизвика напната пресметка за потврда на наследникот со републиканците во Сенатот, на кои им завршува мандатот на седницата закажана по 4 ноември, по изборите во средина на мандатот, иако мнозинството во домот што го имаат демократите може да се повика на правилата кои олеснуваат да се заобиколат напорите на републиканците да го блокираат потврдувањето на новиот кандидат. Републиканците се надеваат дека на изборите ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, што прави да биде веројатно Обама да ја испрати номинацијата пред новиот Конгрес кој ќе биде составен во јануари.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Обама не донел одлука за заменик на Холдер. Холдер енергично ги отелотвори повеќето од најлибералните позиции на претседателот, вклучувајќи ја и поддршката за поголема контрола на оружјето, критиката на затворскиот систем во Америка и желбата да се судат осомничените за тероризам во цивилни наместо во воените судови.

И покрај големата врева што ја крена критиката на републиканците, откако стана јавен обвинител во 2009 година, тој беше еден од последните тројца основни членови на кабинетот на Обама, заедно со министерот за образование Арне Данкан и секретарот за земјоделство Том Вилсак.

Холдер изгради име повеќе на луѓето што не ги гонеше, отколку на оние кои ги гонеше, што е невообичаено за јавен обвинител. Министерството за правда кривично не гонеше ниту една голема фирма од Волстрит или извршен директор за измама во врска со финансиската криза во 2007-2009 година. Холдер, исто така, избегна покренување кривична пријава против агенти на ЦИА кои биле вклучени во симулирање на давење, против шерифот на Аризона, кој беше под истрага за кршење на граѓанските права и посрамениот велосипедист Ленс Армстронг, кој призна дека користел препарати за зголемување на перформансите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.