Европа остро реагира на “црната листа” на Русија објавена пред два дена на која фигурираат 89 имиња на европски личности на кои им е забранет влез на руска територија.
Црната листа која се уште не е официјално објавена ја објави Би-Би-Си, повикувајќи се на информација за протекување на он-лајн верзија на германски.
ЕУ смета дека оваа листа е тотално неоправдана и без легална основа: “Ние немаме никаква информација за нејзината законска основа, критериумите и процесот кој доведе до нејзино креирање. Сметаме дека оваа мерка е неоправдана особено што изостанува секакво објаснување и транспаретност”, изјави портпарол на ЕУ.
Оваа листа на Моска е веројатно одговор на европските санкции. Неа ја најави пред се холандскиот премиер Марк Руте кој кажа дека во четвртокот во повеќе европски амбасади стасала листа на личности кои повеќе не можат да влезат на руска територија. Тој додаде на листата има тројца холандски пратеници од кои еден е член на Европскиот парламент (ЕП).
Ова руско писмо исто така вели дека имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија нема да бидат објавени. Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чизов потврди дека овој список постои и додаде дека не се работи за лидери или министри.
“Ништо не не обврзува да ги објавиме имињата на лицата кои се на листата, ни рускиот закон ни меѓународните правила”, изјави тој. Според него, објавувањети на оваа листа би донела само поголема тензија во украинската криза.
Портпарол на ЕУ изјави дека во последните месеци повеќе европски политичари биле вратени од руската граница иако Москва одбива да ја објави листата.
Помеѓу лицата кои не можат да влезат во Русија се наоѓа и Ги Верхофштад, поранешен белгиски премиер а денес пратеник во ЕП. Шведското министерство за надворешни работи рече дека осум Швеѓани се во таа листа а во Финска се дознава дека на листата е пратеничката Хајду Хутала. На листата има девет британски државјани како шефот на тајната служба М6 или поранешни министри и осум француски.
На веста дека најверојатно се наоѓа на оваа црна листа на Русија, поранешниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг изјави дека му е чест што се наоѓа на таа листа. Слични реакции дојдоа од повеќе личности кои дознале дека се листата бидејќи таа неофицијално беше објавена во некои европски медиуми. Дописникот на МИА од Прага јави дека на листата се наоѓа и поранешниот комесар за проширување Штефан Филе.
Од сите страни на Европа дојде осуда за оваа листа. Германскиот министер за надворешни работи побара од Русија да ги објави сите имиња од списокот.
“ЕУ и германската влада се во контакт со Русија и бараат транспарентност. Лицата кои се наоѓаат на таа листа мораат веднаш да бидат информирани за тоа. Тие имаат право да ги дознаат причините зошто им е забранет влез во Русија доколку сакаат да поднесат тужба”, рече германското министерство.




